Грчката полиција ќе даде посебен акцент на одржување на ограничувачки мерки за време на Божик, кога секој што ќе ги прекрши ограничувачките мерки ќе плати 300 евра, пренесе агенцијата АНА.
Иако сè уште не е прецизирано што ќе биде опфатено со ограничувачките мерки, можно е да се затворат метро-станиците во Атина, особено станицата Синтагма, каде што се очекува граѓаните да го одбележат раѓањето на Исус.
Конечната одлука за ограничувачките мерки ќе ја даде полицијата, а она што е веќе познато е дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот ќе остане во сила за време на празниците, вклучително и Бадник и новогодишната ноќ.
Секој што вози низ улиците на Атина за време на полицискиот час ќе биде запрен и ќе му се бараат документи, односно потврда за дозвола за движење за време на полициски час, што може да ја имаат само медицински лица и работници на некои други служби.
Кој сака да ја напушти куќата на Божик за да ги посети роднините, ќе мора да испрати СМС и да ги извести властите каде оди, а истото важи и за враќање дома.