Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 77 лица, 58 се приведени

Изминатото деноноќие 83 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 56

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – На ниво на целата држава во текот на изминатото деноноќие 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што денеска соопшти МВР, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници, се посочува, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање