Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 75 лица, 59 приведени

ОЈО Струга поднесе казнени налози против четири лица за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие 75 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството информираат дека изминативе 24 часа на територијата на државата, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.бт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Циклон над Македонија: Ќе дува силен ветер до 80 км/час, ќе имаме и нови врнежи

Утрово измерени 0 степени во Берово

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско