Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 51 лице, 34 приведени

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници, како што дополнуваат од МВР, извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.бт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање