Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Полицискиот час не го почитувале 50 лица, 42 приведени

МВР: Седумдесет и едно лице не го почитувало полицискиот час, приведени 55 лица
Img 7972

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие 50 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци на МВР, за изминатото деноноќие, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што информира МВР, извршени се контроли кај лица кои се во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. бт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ, да продолжи Богданци да се развива

Бесправно изградил куќа на брегот на Дебарското езеро, МВР му поднесе пијава

Почина Панчо од ДНК – 24info.mk