Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени во изминатото деноноќие

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени во изминатото деноноќие

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – На 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници, изршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во студентските домови

Пријавувањето е во тек: 1360 пензионери се пријавиле за парична помош од 2.500 денари

Со грант од 2 милиони евра од ЕБР ќе се прави студија за подобра животна средина