Утрински Весник
Македонија

Полициска патрола наишла на дебарчанец кој предизвикал шумски пожар

Полициска патрола наишла на дебарчанец кој предизвикал шумски пожар

Дебарската полиција вчера во попладневните часови го привела Б.М.(60) од овој град, кој претходно, од патрола составена од полицајци, пожарникари и припадници на шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово.

Патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.

Во координација со Јавен обвинител, 60-годишникот е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за предизвикување шумски пожар, од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија