Утрински Весник
Свет

Полицајци убиени за време на рутинска сообраќајна контрола во Германија

Полицајци убиени за време на рутинска сообраќајна контрола во Германија

Полицаец и полицајка биле застрелани синоќа додека биле на рутинска патрола во западна Германија.

Во моментот на убиството, тие вршеле рутинска сообраќајна контрола околу 4:20 часот во близина на Кусел, соопшти полицијата во Кајзерслаутерн.

Полициските службеници успеале да повикаат помош преку радио врската, но кога пристигнало засилување веќе не можеле да им помогнат.

Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот, а полицијата немала информации за насоката во која се движат, ниту за нивниот опис.

Полицијата ги повика возачите во областа Кусел да не примаат автостопери во возилата и предупреди дека најмалку еден осомничен е вооружен.

Можете да прочитате

Фицо: Доколку Орбан победи на изборите ќе има обиди да се доведе во прашање неговата победа

Велика Британија ќе предводи коалиција за расчистување на Ормуската Теснина

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма