Утрински Весник
Свет

Полицајци избодени од пчели на протести во Чиле, уапсени четворица пчелари

Полицајци избодени од пчели на протести во Чиле, уапсени четворица пчелари

Четворица пчелари беа уапсени на протестот пред претседателската палата во главниот град на Чиле, Сантијаго, а седум полицајци беа избодени од пчели за време на протестот, соопштија локалните власти.

Чилеанското пчеларство е погодено од продолжена суша што ги уништува изворите на пчелна храна, како што се цвеќињата и земјоделските култури. Иако сушите не се невообичаени во Чиле, сегашната суша трае од 2010 година и е барем делумно одговорна за климатските промени, велат научниците.

Пчеларите бараат од владата да ги реформира цените на медот или државната помош и побараа средба со претседателот Себастијан Пинер. Пчеларите поставија најмалку 60 кошници на авенијата пред претседателската палата, во кои се проценува дека имало околу 10.000 пчели. Еден од пчеларите, Хозе Итура, им изјави на чилеанските новинари дека сушата во близина на главниот град ја уништува популацијата на пчели.

„Пчелите умираат“, рече Итура. „Ако пчелите умрат, нема да има живот. Ова сакавме да го укажеме со овој протест“.

Претставник на Министерството за земјоделство во регионот Сантијаго изјави дека министерството е загрижено за последиците од сушата за пчелите. Владата со месеци обезбедува помош за 20 заедници погодени од недостиг на вода, изјави за новинарите Омар Гузман, регионален секретар за земјоделство.

Некои минувачи предупредија дека пчелите можат да бидат опасни за граѓаните. „Опасно е за луѓето кои се алергични на убоди од пчели бидејќи може да ги убие“, вели еден граѓанин.

Пчелите искасале седум полицајци кои се обиделе да уапсат пчелари и да ги отстранат корпите од улицата, соопштија полициските службеници, а избодените полицајци морале да побараат помош во болницата.

Сушите и зголемувањето на температурите поради климатските промени ја загрозуваат светската популација на пчели. Студијата од 2020 година покажа дека популацијата на пчели во една генерација се намалила за околу 50 проценти во Северна Америка и за 17 проценти во Европа.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking