Утрински Весник
Свет

„Полицајците се исцрпени, на улиците има околу 7.000 мигранти“

„Полицајците се исцрпени, на улиците има околу 7.000 мигранти“

Во Унско-санскиот кантон во БиХ, чии валсти забранија доаѓање на мигранти, има околу 10.000 вакви лица, вели шефицата на Секторот на криминалистичката полиција на УСК, Снежана Галиќ.

Таа изјави дека според нивните проценки, има околу седум илјади мигранти по улиците и во напуштените објекти, додека три илјади мигранти се сместени во прифатни кампови.

Таа рече дека Хрватска годинава вратила 2.000 мигранти на територијата на кантонот, а мигранти доаѓаат и од Сараево.

„Сепак во кантонот дозволуваме влез само на загрозени категории, семејства со деца“, изјави Галиќ за телевизијата Н1.

Според неа, полицијата во УСК ги штити граѓаните и нивниот имот и мора да спречи судири меѓу мигрантите и локалното население.

„Полициските службеници се исцрпени, но ние продолжуваме да работиме. И граѓаните се на крајот од силите и свесни сме за тоа“, додаде таа, истакнувајќи дека во полициската администрација на УСК недостасуваат 150 службеници, а нема помош од другите полициски агенции.

„Мораме да се бориме сами на свој терен“, заклучи Галиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални мрежи за дигитален фашизам

Изборната комисија на Венецуела ги достави сите записници до Врховниот суд на потврда

ЦДЦ: Повеќе од осум проценти Американци без здравствено осигурување во 2024 година