Утрински Весник
Спорт

„Политички игри – важно е само дека Новак е лицемер“

„Политички игри – важно е само дека Новак е лицемер“

Новак Ѓоковиќ, заедно со Васек Писпишил, неодамна основа нова Асоцијација на тенисерите и тенисерките (ПТПА). Целта, како што вели била да им се помогне на професионалците кои не се меѓу најдобрите 100 во светот, односно равномерно да се распределуваат парите од наградните фондови на турнирите, особено од Гренд слем турнирите.

Идејата на Ѓоковиќ не ја поддржаа Рафаел Надал и Роџер Федерер. Тие ја држат страната на АТП.

Она што е интересно е што колегите ги номинирале Ѓоковиќ и Поспишил во Советот на играчи на АТП.

„Гледам дека се пишува за мојата повторна кандидатура во Советот на играчи, но тоа не е точно. Добив номинација од тенисерите. Така функционираат работите во АТП. Не поднесов кандидатура, ниту тоа го направи Васек. Нас не номинираа тенисерите и тоа остави силен впечаток врз мене. Ова е силен сигнал за мене, секако дека чувствувам одговорност што можам да ги претставувам играчите“, рекол Ѓоковиќ по поразот од Медведев, во второто коло на Завршниот мастерс.

Иако тој не гледа дека би имал судир на интереси, правилата на АТП не дозволуваат, еден играч да биде во Советот на играчи и да биде дел од друга организација.

„Штета што не дозволуваа, но добро, барем знаеме каде сме. Со тоа правило АТП испрати силна порака дека не го сака ПТПА. АТП работи споритвно од интересите на играчите. Тоа се политички игри за кои ретко се пишува, важно е да се напише дека Новак е лицемер. Но веќе сум навикнал на такви работи, тоа само ме мотивира да работам поеќе“, рекол Ѓоковиќ.

> „Политички игри – важно е само дека Новак е лицемер“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига