Утрински Весник
Македонија

Полетувалиштето на „Мечкин Камен“ ќе добие нова вештачка трева за побезбедно параглајдерство

Полетувалиштето на „Мечкин Камен“ ќе добие нова вештачка трева за побезбедно параглајдерство

Крушево, 17 февруари 2020 (МИА) – Полетувалиштето за параглајдери на „Мечкин Камен“ во Крушево ќе биде обновено со двојно поголема вештачка трева за да се подобрат услвоите за параглајдинг и за одржувањето на европските и светски првенства.

Како што информираат од крушевската локална самоуправа двојно поголемата вештачка трева ќе ја замени старата поставена пред две години и освен подобрувањето на условите за параглајдинг, ќе се зголемат квалитет и безбедност на полетувалиштето, особено што на овој начин ќе се остварат и дел од барањата на учесниците на светските и  на европски првенства.

Проектот чини речиси четири милиона денари, доделени преку програмата за финансирање проекти за развој на планските региони, потпрограма Агенцијата за рамномерен регионален развој.

Покрај ова, локалната самоуправа преку друг проект обезбеди уште четири милиони денари за изградба на објект на полетувалиштето.

Во 2021 година, Крушево го очекува организирање Светско првенство во змајарство. Лани беше домаќин на Светското првенство во параглајдинг.ем/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот