Утрински Весник
Политички Партии

Познати тетовските кандидати за пратеници од Алијанса за Албанците за шестата изборна единица

Познати тетовските кандидати за пратеници од Алијанса за Албанците за шестата изборна единица

Тетово, 9 март 2020 (МИА)– Тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците ги утврди седумината членови кои се потенцијални кандидати за пратеници во рамки на изборната единица шест за парламентарните избори.

-Одлуките се донесени на денешната седница на Собранието на партијата во Тетово, соопштија од партијата на нивниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тетовскиот огранок за пратеници ги предлага др. Вулнет Ферати потпретседател на партијата, Арта Точи, претседателка на женската организација, Флакрон Беџети, партиски портпарол, Алтрим Мамути, претседател на тетовскиот огранок, Аднан Незири, Афије Јонузи и Доника Бакиу од младинскиот форум на партијата.

На Собранието присуствуваше и претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт