Познати се имињата на сите 24 репрезенатиции кои наредното лето ќе учествуваат на 16 Европско првенство во фудбал. Прв пат во историјата учесник на континеталноот првенство ќе биде и Македонија. Македонската селекција е сместена во Ц-групата, а противници ќе и бидат Австрија, Украина и Холандија.
ЕП ќе се одржи во 12 држави, домаќини ќе бидат Англија (Лондон), Германија (Минхен), Италија (Рим), Азербејџан (Баку), Русија (Санкт Петербург), Унгарија (Будимпешта), Романија (Букурешт), Холандија (Амстердам), Шпанија (Билбао), Шкотска (Глазгов), Ирска (Даблин) и Данска (Копенхаген).
Група А: Италија, Турција, Велс, Швајцарија
Група Б: Данска, Финска, Белгија, Русија
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија, Македонија
Група Д: Англија, Хрватска, Чешка, Шкотска
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка
Група Ф: Португалија, Германија, Франција, Унгарија.
Европското првенство ќе биде отворено на 11.јуни со натпреварот помеѓу Италија и Турција. Македонија првиот меч ќе го одигра во Букурешт против Австрија, четири дена подоцна Пандев и екипата ќе играат против Украина, а последниот меч во групата против Холандија на програмата е на 21.јуни.
> Познати се сите групи на ЕУРО 2021 <