Утрински Весник
Македонија

Позитивни на коронавирус уште две лица

Се чекаат резултати од тест за присуство на коронавирус кај уште едно лице

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Позитивни на коронавирус  во државав се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус и заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица.

– Од сите испитани пациенти денеска, двајца се позитивни од Дебар кои биле во контакт со претходно хоспитализираните, биле соседи и имале чести контакти. Сите нивни други роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во домашна изолација и лекување. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, рече на прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра.лв/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес