Утрински Весник
Свет

Пожар избувна во затвор во Истанбул – 11 затвореници се хоспитализирани

Пожар избувна во затвор во Истанбул – 11 затвореници се хоспитализирани

Во затворот во Истанбул избувна пожар, а најмалку 11 затвореници се хоспитализирани поради вдишување чад, јави Анадолија.

Се уште не е позната причината за пожарот во затворот Умранија, кој се наоѓа на азиската страна на градот. Затворот има капацитет да прими 1.000 затвореници, пренесува АП.

Според Анадолија, во гаснењето на пожарот се вклучени неколку противпожарни возила, додека телевизијата ХаберТурк јавува дека ниту еден затвореник не е во тешка здравствена состојба.

Можете да прочитате

Иран: Украина се приклучи на војната, сега е легитимна цел

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

Израел планира голема копнена инвазија врз Либан