Утрински Весник
Македонија

Пожар во фабрика во Штип, повредени се две лица

Пожар избувна во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“, во рамки на Технолошко индустриска развојна зона – Штип, пришто повредени се две лица кои се хоспитализирани.

dobivaj vesti na viber

Kaко што информираа од Центарот за управување со кризи, штипските пожарникари во периодот од 10,10 до 11,15 часот имале интервенција на запалена печка и кровна конструкција во фабриката.

Пожарот е локализиран. Во гаснењето учествувале 4 пожарникари со 2 противпожарни возила.

Матреијалната штета дополнително ќе се утврдува.

Можете да прочитате

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои