Утрински Весник
Македонија

Пожар во ресторан позади Катастар во Тафталиџе

Пожар во ресторан позади Катастар во Тафталиџе

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Пожар во ресторан позади Катастар кај Педагошка академија денеска избувна при што е уништена кровната конструкција.

Противпожарните служби на Град Скопје интервенирале со пет возила и 15 пожарникари.

Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот кај нив е пријавен во 11:20 часот, а изгаснат околу 11:45 часот.

Најверојатно пожарот избувнал од скарата во ресторанот по што биле зафатени оџакот и кровната конструкција. Причинета е материјална штета. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови