Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пожар во Мичурин

Пожар во Мичурин
300x250 opst2

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) –  Пред половина час на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.

Командантот на Противпожарната единица во Скопје Владимир Симоновски за МИА информираше дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушара за алишта.

Интервенирано е со три пожарникарски возила и 11 пожарникари.бк/см/

Пожар во Мичурин

Posted by MИА.mk on Среда, 06 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје домаќин на 5. годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Незгода со глисер на суво во Охрид (ФОТО)