Утрински Весник
Македонија

Пожар во маркет во тетовско Пршовце

Пожар во маркет во тетовско Пршовце

Тетово, 8 април 2020 (МИА) – Тетовските пожарникари спречија поголем пожар да се прошири во објект на ланецот маркети „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Со нашата интервенција изгаснат е огнот што го зафати делот од објектот кај влезот и изложните прозорци на маркетот „Кипер“ во Пршовце. Повредени нема, само материјална штета, изјави командантот на тетовската Противпожарна бригада Ука Алити.

Пожарот избувнал околу 11.30 часот, а тетовската Противпожарна бригада интервенирала со три возила и девет пожарникари. ас/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање