Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пожар во куќа во Кавадарци, за среќа не настрадал 70-годишниот сопственик

Пожар во куќа во Кавадарци, за среќа не настрадал 70-годишниот сопственик
Img 7972

Кавадарци, 3 април 2020 (МИА) – Пожар избувнал утрово во куќа во Кавадарци. За среќа не настрадал  70-годишниот сопственик.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов изјави дека интервенирале веднаш по дојавата и спречиле огнот да не предизвика катастрофални штети врз куќата, но и да не се прошири на околните објекти.

На лице место веднаш пристигнал и градоначалникот Митко Јанчев.

Од Брзата помош во Кавадарци потврдија дека го однеле сопствениот на куќата во болница, но оти тој не бил повреден, освен што бил исплашен и вознемирен. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реакција на министерот Муцунски на денешната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје

Битолчанец продавал марихуана на затвореници