Утрински Весник
Македонија

Пожар во куќа во Кавадарци

Пожар во куќа во Кавадарци

Кавадарци, 9 април 2020 (МИА) – Пожар изби попладнево во спрат од двокатна куќа на улицата ,,Вардарска” во Кавадарци. За среќа, повредени нема, а среќна околност е и тоа што пламените јазици не го зафатиле и горниот кат од куќата и околните објекти.

Од Територијалната противпожарна единица интервенирале на лице место и велат дека пожарот предизвикал материјална штета чија висина дополнително ќе се утврдува.

-Апелираме до кавадарчани и росоманци да бидат крајно внимателни, се со цел превентивно да се влијае да нема појава на пожари, велат од Територијалната противпожарна единица за МИА. свд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Се сретнав со родителите во Кочани, не сакам тоа да биде медиумски ПР

Донев: ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува историска победа на претстојните локални избори

(Видео) Градоначалникот на Кочани до Владата: Слушнете го гласот на граѓаните, отворете ја градинката