Утрински Весник
Свет

Пожар во ковид болница во Букурешт, настрадаа четири лица

Пожар во ковид болница во Букурешт, настрадаа четири лица

Најмалку четири лица настрадаа, а неколкумина се повредени во пожар во болницата Ковид во Букурешт, соопштија романските власти. Пожарот избувнал рано утрово на приземјето на болницата, во кое се сместени околу 120 лица.

Официјални лица соопштија дека починале пациенти кои биле на лекување од Ковид-19. Болницата е евакуирана, а во меѓувреме пожарот е изгаснат.Причината за пожарот е непозната.

Во ноември, во пожар во болница во северна Романија загинаа 10 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Договорот со Иран не го вклучува Либан, тоа е одвоен конфликт

Захарова: Балтичките земји ризикуваат доколку дозволат прелет на украински дронови кон Русија

Трамп: САД и Иран можат заеднички да ја обезбедуваат Ормуската Теснина