Утрински Весник
Македонија

Пожар во автосервис во Желино, оштетени четири автомобили

Во полицијата во Групчин на 4 февруари, 28-годишниот А.Н. од село Палатица, пријавил дека претходниот ден настанал пожар во објект во Палатица, сопственост на Ф.Р. (49) од Желино, кој објектот го имал дадено под закуп на двајца свои соселани.

Полицијата извршила увид на местото на настанот при што констатирано било дека пожарот настанал во автомеханичарска работилница, а потоа се проширил и кон соседната работилница при што делумно е оштетен објектот и опремата за работа од двете работилници, а од пожарот делумно се оштетени и четири возила: „опел астра“, „џип гранд чироки“, „сеат леон“ и „мерцедес“.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари