Утрински Весник
Македонија

Пожарот почнал во предниот дел од автобусот, а внатре имало туби со нафта, вели секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов

Пожарот почнал во предниот дел од автобусот, а внатре имало туби со нафта, вели секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во автобусот имало туби со нафта, а огнот почнал од предниот дел, најверојатно во системот за греење, рече секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов.

Тој за БТВ изјави дека автобусот се движел со повеќе од 100 километри на час и на местото на несреќата немало знаци на кочење. Пиргов верува дека станува збор за човечка грешка.

Секретарот за безбедност, кој пристигнал на местото на несреќата меѓу првите, раскажа дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти кон лево. Изгорен е предниот дел на автобусот. Преживеале луѓето што седеле на задните седишта. Тие го разбиле стаклото и излегле.

Пиргов ја исклучи можноста возачот да заспал наведувајќи дека кусо пред несреќата автобусот застанал на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“ и направил пауза околу половина час.

Вели дека нема можност автобусот да зализгал на патот бидејќи нема знаци на кочење.

 

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи