Утрински Весник
Македонија

Пожарот оштетил три канцеларии на Државниот инспекторат за животна средина, велат од Министерството

Електричната инсталација е причина за пожарот во Инспекторатот за животна средина, изгореа шест простории

Во пожарот кој денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка во Центар, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„На истиот спрат се наоѓаат канцелариите на Одделението за комуникација со јавност при Министерството за животна средина. Во моментот на избувнување на пожарот, пред 7 часот, ниту еден од вработените не бил присутен во тие канцеларии“, стои во соопштението.

За утврдување на евентуална материјална штета во овие простории, ќе се формира комисија во рамки на Министерството.

Во тек е увидот од страна на МВР, со кој ќе се утврди причината за пожарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка