Утрински Весник
Македонија

Пожарот кај село Фурка се уште активен

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с.Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет.

dobivaj vesti na viber

Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени, ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе.

Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. Утрово, во околу 05 часот на терен излезени се 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното население.

Можете да прочитате

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика

Мотоциклист без дозвола усмрти човек на Кеј, судот го пушти дома