Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Пожарот кај Сарај тешко се гаси поради корењата на дрвјата

Пожарот кај Сарај тешко се гаси поради корењата на дрвјата
300x250 opst2

Пожарот кој што повеќе дена гори во Општина Сарај е специфичен пожар, затоа што откако ќе биде изгаснат површински, продолжува да горат корењата на дрвјата подземно и повторно доаѓа до активирање на пожарот, велат од Центарот за управување со кризи.

Од тие причини во текот на вчерашниот ден 10 припадници на полициската специјална едниница, придружени со француските инструктори, се спуштија од врвот на планината кон подножјето, при што рачно беа изгасени сите оние жешки точки кои што беа видливи, но пожарот во текот на ноќта повторно се активира.

Од ЦУК информираат дека за утре е договорено на терен да излезат 30 припадници на специјалната полициска единица заедно со француските експерти кои што работат со специјални дронови за пожари со термални камери кои можат да го откријат огнот кој е под земја.

Од утрово во гасењето на овој пожар дејствуваат два хеликоптери.

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот „Онкологија“

Од 9 до 11 октомври денови на словенечки филм во Кинотека

Антициклон над источна и североисточна Европа е виновникот за ладното време кај нас