Утрински Весник
Македонија

Пожарот во тетовската фабрика е ставен под контрола, се уште има чад

Пожарот во фабриката во Тетово е ставен под контрола. Тешка механизација е влезена внатре во кругот на фабриката за да расчистува.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека опасноста е завршена и дека нема отровни материи во воздухот, но дека сепак има загадување во воздухот.

Претходно од ЦУК беше упатено предупредување до граѓаните на Тетово, да не излегуваат надвор без маски.

Можете да прочитате

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје