Утрински Весник
Свет

Пожари беснеат во Велика Британија, гори земјиште од осум хектари

Голем пожар се шири во Велика Британија. Најмалку 8 хектари тревна површина е зафатена од пожарот што избувна вчера во близина на Ханли Комон во близина на Фарнам, град на југот на Британија. Би-би-си јавува дека во Сафолк гори жито, а пожар имало и во лондонскиот Темсмед.

dobivaj vesti na viber

Што се однесува до Фарнам, каде што е најпогодената област, затворени се три патишта, а полицијата вели дека е можно повеќе да бидат затворени. Истиот дел од земјата пожарот го зафати минатата среда кога изгореа четири хектари.

По тој инцидент службите предупредија дека и покрај дождот се очекува уште потопло време и дека вегетацијата останала екстремно сува, апелирајќи до граѓаните да не користат скари и да бидат внимателни.

Ханли Комон е добро познато живеалиште за видови птици кои се гнездат на земја. Противпожарната и спасувачката служба на Сари им се заблагодари на луѓето кои обезбедија храна и пијалок на екипите кои се борат со пожарот.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император