Утрински Весник
Свет

Подољак: Русите испраќаат видеа од украинските војници на нивните мајки и им се закануваат дека ќе ги убијат

Подољак: Русите испраќаат видеа од украинските војници на нивните мајки и им се закануваат дека ќе ги убијат

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак на Твитер објави видео наводно испратено од руски војници до мајките на заробените Украинци.

-Бараат 5.000 и се закануваат дека следното видео што ќе го добијат ќе биде егзекуција на нивните синови. Руските војници се повеќе потсетуваат на милитантите на ИСИС. Русија мора да биде признаена како терористичка држава – рече Подољак.

На напишаното прикачи снимка. На него е прикажан млад украински војник Алексеј Антонович Новиков, кој е член на 109-та бригада на територијалната одбрана на регионот Доњецк.

Можете да прочитате

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Продажбата на пиво во Германија опаѓа, младите бараат алтернативи

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас