Утрински Весник
Свет

Подољак: Нема да има отстапување на територија

Украина ја отфрла можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува предавање на територија, објавија светските агенции.

Признавајќи дека позицијата на Киев за војната станува се побескомпромисна, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак во интервју за Ројтерс изјавил дека отстапките би биле одмазда кон Украина бидејќи Русија ќе возвраќа посилно по секој прекин на борбата.

„Војната нема да заврши по какви било отстапки. Ќе биде ставена на пауза само некое време“, изјавил тој за Ројтерс во добро чуваната претседателска канцеларија, каде што некои прозорци и ходници се заштитени со вреќи со песок, пренесува медиумот.

Подољак кажал дека Русите по некое време ќе го зајакнат оружјето и ќе започнат нова офанзива, уште покрвава и пообемна.

Тој ги отфрлил, како многу чудни, повиците на Западот за итен прекин на огнот што ќе ги вклучи руските сили кои ќе останат на територијата што ја окупираа на југот и на истокот на Украина.

„Руските сили мора да ја напуштат земјата, а потоа ќе биде можно да се продолжи мировниот процес“, изјавил Подољак за Ројтерс.

Можете да прочитате

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина