Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за Полов напад врз дете

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО Скопје.

-Обвинетиот,  на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија, соопштија од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото​. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути