Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Вкупно 23.861 барање заклучно со вчера се поднесени до Управата за јавни приходи за владината мерка за финансиска поддршка за исплата на плати за април и мај во износ од 14.500 денари за вработените во реалниот сектор.
Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека со оваа мерка ќе бидат опфатени 21.542 компании.
– Барањата ќе се обработат и потврдат за три дена и ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата од каде ќе се врши исплатата, рече Лукаревска, додавајќи дека сите работодавачи со комплетна документација ќе бидат информирани за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе ја добијат.
Од угостителскиот сектор поднесени се 2.377 барања, од туристичките агенции и тур оператори 253, од секторот транспорт 2.177, објекти за сместување 258 барања и 16.625 барања од останатите дејности.
За финансиска поддршка за исплата на плати конкурираа и физички лица кои вршат самостојна дејност и според поадтоците на УЈП за остварување на ова право поднесени се 5.840 барања. бак/сп/