Утрински Весник
Македонија

Поднесени три кандидатури за изборите во Штип, ВМРО-ДПМНЕ до последен момент ќе одлучува

Тесна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, СДСМ победи во Кочани

Утре на нов состанок на Извршниот комитет како највисоко партиско тело, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе настапи на Вонредните локални избори за градоначалник на Штип и евентуално со кој кандадат ќе настапи. Ова денеска го брифираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а попладнето го потврди и лидерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме, во текот на вчерашниот и денешниот ден се поднесени дури три кандидатури за градоначалник на Штип. Покрај независната кандидатора на Трајче Митев, кој собираше потписи, поднесена е кандидатурата на д-р Сашко Николов од СДСМ, актуелен пратеник и на Лазар Наумов од партијата ТМРО. Наумов работи во осигурителниот бизнис, но е попознат како музичар од групата „Бумбари“.

Иако имаше некои најави, партијата Левица нема да понуди свој кандидат. Утре на седницата на Президиумот се очекува и официјална потврда на партискиот став. Универзитетскиот професор Трајче Стојанов ни потврди дека ја одбил понудата да биде кандидат за градоначалник на Штип на Вонредните локални избори.

До утре, кога е крајниот рок, останува да се види дали уште некоја партија ќе понуди свој кандидат, но и да се дочека ставот на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги бојкотира изборите во Штип и Пласница, откако побара одлагање на изборите поради високата бројка на заболени од ковид-19.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен