Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесена кривична пријава против ноќниот клуб во Струмица во кој викендов имаше забава

Поднесена кривична пријава против ноќниот клуб во Струмица во кој викендов имаше забава
300x250 opst2

Полицијата поднесе кривична пријава против ноќниот клуб во Струмица, во кој викендов, била организирана забава, без почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Пријава е поднесена и против едно одговорно лице И.В.(45) за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

„на 18.07.2020 на профил на социјалната мрежа ‘Инстаграм’, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивен угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група. Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во периодот од 21.00 до 01.00 часот во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група и воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“, соопштија од МВР.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор