Утрински Весник
Македонија

Подморничкиот екипаж знае најмногу за изолацијата: Ова се нивните совети!

Подморничкиот екипаж знае најмногу за изолацијата: Ова се нивните совети!

25 март 2020

Buzz Feed

Ако некој знае што е изолација, тоа сигурно се овие луѓе. Еве неколку совети, како времето побрзо да ви помине во изолација.

Рутина, рутина, рутина…

Рајан Ремзи помина повеќе од 20 години во британската морнарица и беше командант на нуклеарната подморница „ХМС Турбулент“. Тој ја истакнува важноста на структурата во дневниот распоред.

– Брзо развијте рутина и придржувајте се. Тоа значи дека себе си ќе си дадете време за пауза, дозвола за релаксација и јасно да го одредите времето кога ќе се фокусирате на работата, советува Ремзи.

Вежбање

– Во подморниците нема многуи место за движење, но за ментално да сте подготвени за сите задачи мора да бидете и физички подготвени и поради тоа вежбањето е многу важно, истакна Ремзи.

Здрава исхрана

Ричард Кавана беше оператор на радар во подморница 12 години и тврди дека здравата исхрана е од есенцијална важност, не само за физичкото здравје.

Ако јадете нездрава храна ќе ви падне серотинот и можете да паднете во депресија, објасни тој.

Со него се согласуваи Том Херман, кој во морнарица беше 40 години и командуваше со две подморници.

Многу помага точно одреденото време за јадење. Можете да го следите времето по своите дневни рутини. Поради недостиг од движење, апетитот може да се намали, па затоа е многу важно да се држите до распоредот на оброци, додаде тој.

Почнете нешто ново

Рон Гордон, кој служеше во подморниците од 1864 до 1998 година ја истакнува важноста на забавата.

– Многумина имаа разни хобиа. Решаваа сложувалки, правеа мамци за риби, некои дури и плетеа. На море е најважно да се држи мозокот активен, а тоа можете и со разни загонетки.

Зборувајте и шегувајте се

За време на изолацијата многу е важно да останете во контакт со семејството и пријателите, разговорот е многу важен. Шегувањата, исто така, вели подморничкиот екипаж, се есенцијални.

– Знавме да се смееме една со други до солзи. Во моментите кога стресот е на високо ниво, многу важно е да се насмеете на своја сметка. Така полесно ќе ги заборавите грижите за ситниците, истакна Кавана.

Приватност

Единствено место во подморницата каде што можете да бидете сами е вашата кабинна

– Одредете си време само за себе, кога ќе се тргнете од другите и тогаш правте се што ќе ви падне на памет, советува Џон Бејли, кој служи во подморница.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ