Крива Паланка, 24 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка во соработка со Општинска организација на Црвен крст денес спроведе акција во која беа поделени вкупно 400 заштитни маски за граѓаните.
– Маските се донација од општествено одговорна компанија од Крива Паланка и се наменети за граѓаните, пред се повозрасните жители на општината. Оваа активност ја реалзииравме на иницијатива на општинскиот кризен штаб согласно препораките на Владата за задолжително носење маски на отворен простор, акко и во затворени простории, а Црвениот крст како и секогаш, ни помогна да се разлизира, за да може граѓаниет кои немаат маски да бидат снабдени со истите, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Маските ги поделија волонтерските мобилни тимови на ОО Црвен крст, кои беа лоцирани на шест пунктови во градот.
-Спроведовме акција која наиде на видно одобрување кај граѓаните, кои беа изненадени дека маските се бесплатни. Поделивме маски и спроведовме дезинфекција на раце на лица кои беа присутни ан најфреквентните 5-6 локации во ооштината, пред банкоматите и банките, пред аптеките, маркетите, но и на локации во градкиот парк и долж главната улица во централното градско подрачје, информира Дарко Пешовски, секретар ан ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Посочи дека мобилните тимови на Црвен крст постојано , од почеток на кризата, се на располагање на граѓаните и вршат достава на пакети со намирници и средства за дезинфекција, се што ќе побараат граѓаните на дежурнито телефонски број 078 303060.
-Сите возрасни лица над 60 години кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонските броеви 078 30 30 60 и 031 375 035, во период од осум до петнаесет часот. Мобилните тимови, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе пристигнат на нивните домашни адреси пружајќи ја потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и потребни лекови, за кои самите граѓани ќе ги покријат трошоците, рече Пешовски. ид/нд/