Утрински Весник
Македонија

Поделени хуманитарни пакети за лица во социјален ризик во Делчево

Поделени хуманитарни пакети за лица во социјален ризик во Делчево
Dik 300x250 mk

Делчево, 16 април 2020 (МИА) – Триесетина семејства од Делчево денеска добија хуманитарни пакети од прехранбени продукти и хигиенски средства во рамки на акцијата „Дарувај од срце“. Акцијата како што истакнаа учесниците во дистрибуцијата на пакетите е да се покаже дека никој нема да биде заборавен за Велигденските празници.

-Мобилни екипи на Општина Делчево во соработка со Центарот за социјални работи од Делчево, денеска доставија 30-ина хуманитарни пакети до семејства кои живеат во социјален ризик. Хуманитарните пакети се составени од средства за хигиена и прехранбени продукти, а тие се донација од хумани поединци и фирми во Делчево, информираат од општината.

Изразија бладогарност до сите донатори кои учествуваа во акцијата.

-Голема благодарност до сите хумани кои водејќи се од мотото дека секој заслужува подобро, учествуваа во хуманитарната акција „Дарувај од срце”. Со оваа акција порачуваме дека во Делчево никој не е заборавен и дека хуманитарната акција ќе продолжи и наредниот период, додадоа учесниците.

Претходно во слични хуманитарни акции, хуманитарни пакети за граѓаните од социјален ризик обезбедија здруженија на граѓани, невладини организации и иселеници по потекло од општина Делчево. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово