Утрински Весник
Македонија

Поддршка од Хрватска за почеток на преговорите со ЕУ

Поддршка од Хрватска за почеток на преговорите со ЕУ

По посетите на Германија и Словенија, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска во Хрватска оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ и со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман, на која се разговараше за очекувањата и шансите за придвижување на пристапниот процес за Северна Македонија, како и за домашните реформи и билатералната соработка.

„Токму овде, во Загреб, пред две декади ја парафиравме Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која почна нашиот евроинтегративен пат. Пријателска Хрватска била и останува еден од нашите најголеми поддржувачи во процесот на пристапување, а нивните заложби и посветеност се потврдија и за време на претседателството со Унијата кога, во март 2020 година го добивме зеленото светло за почеток на преговорите. Со премиерот Пленковиќ заеднички констатиравме дека е потребно што е можно побрзо да се постигне консензус за Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија. Крајно време е оваа одлука да стане реалност“, изјави Димитров.

Соговорниците се осврнаа и на тековната билатерална соработка која вклучува и конкретна поддршка за јакнење на националните административни капацитети за усогласување на законодавството со правото на ЕУ, како и споделување на хрватските искуства за унапредување на координативните механизми и преговарачката структура.

Можете да прочитате

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Македонија до декември ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“ со ЕУ

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје