Утрински Весник
Економија

Поддршка за камионските превозници низ сообраќајниците во државава

Поддршка за камионските превозници низ сообраќајниците во државава

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Возачи на камиони, Ви благодариме! Вие сте нашата надеж! Транспаренти со ваква содржина се поставени на сообраќајниците во Скопје и граничните премини Табановце и Богородица.

Транспрентите ги постави асоцијацијата на превозници СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, со што се приклучи кон акцијата што се спроведува во повеќе држави во светот во знак на поддршка на транспортерите, имајќи во предвид нивната улога за превозот на стока во услови на ограничувањата за движење поради кризата со вирусот Ковид-19.

Голем број домашни и странски превозници изминатиот период останаа заглавени на затворените гранични премини, а надлежните институции од државите во соработка со транспортните асоцијации и стопанските комори преземаат активности за нивно непречено движење.  За олеснување на транспортот на стока земјите од регионот и од Европската унија договорија воспоставување зелени коридори за транспорт на стоката од примарно значење. лв/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

СДСМ: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

ВМРО-ДПМНЕ: Добивме три арбитражни постапки и во Буџетот заштедивме 565 милиони евра