Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Поддржувачите на претседателот обвинуваат: Софтверска грешка ги намали гласовите за Трамп

Поддржувачите на претседателот обвинуваат: Софтверска грешка ги намали гласовите за Трамп
300x250 opst2

Поддржувачите на претседателот Доналд Трамп во Мичиген тврдат дека бројот на неговите гласови можеби е намален поради грешка во софтверот. Додека сите најнови податоци укажуваат на веројатната победа на демократот Џо Бајден, републиканците од Мичиген тврдат дека во округот Антрим илјадници гласови во корист на Доналд Трамп им биле дадени на Џо Бајден и демократскиот кандидат за сенатор Гери Питерс, наместо на републиканецот Џон Џејмс, поради грешка во софтверот.

Врз основа на пребојани 98 проценти од гласовите во Мичиген, Бајден води со 146.123 гласа, па така АП и другите влијателни медиуми во САД веќе објавија дека тој е победник во земјата.

Претседателката на Републиканската партија во државата Мичиген, Лора Кокс изјави дека по грешка му се доделени околу 6.000 гласови на кандидатот за претседател на Демократската партија во округот Антрим, наместо на Доналд Трамп, и за таа грешка го обвини „неуспехот на софтверот“.

Таа додаде дека е откриено дека истиот софтвер се користел во дури „47 области со иста цел“, што е повеќе од половина од 87-те области во таа сојузна држава, а нејзината изјава ја сподели изборниот штаб на Трамп на Твитер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори