Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Кој ќе создаде поповолни услови по завршувањето на здравствената криза таму ќе одат и инвеститорите, порача денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните активности на Технолошки индистриски развојната зона – 2 (ТИРЗ-2) која се протега на 97 хектари и е втора по големина во нашата држава.
-Како Влада сме определени да направиме се да ги завршиме условите во ТИРЗ зоните и на тој начин да се подготвиме за поголема економска активност. Овде веќе функционираат неколку фаврики. Со завршувањето на инфраструктурата во оваа зона продолжуваме се активности на ТИРЗ-3 каде ќе понудиме поволни услови за инвестирање, истакна Спасовски.
Порача дека сите проекти кои се однесуваат на инфраструктурата ќе продолжат со силно темпо и оти тоа се гледа на ТИРЗ 2 каде се работи на патната, водоводната инфраструктура…
-Идејата е подготвено да ги дочекаме инвеститорите во наредниот период по завршувањето на кризата, рече премиерот Спасовски и нагласи дека е многу значајно да се поддржат овие зони, имајќи ги предвид бројките каде оваа година извозот е околу 630 милиони денари или увозот со околу 556 милиони денари.
Вицепремиерката Мила Царовска информираше дека до последниот квартал годинава градежните работи ќе завршат како и тоа дека во текот на оваа здравствена криза беа обезбедени протоколи кои не дозволија производствените капацитети да престанат со работа, а со цел да имаат услови да ги обезбедат услугите и производството кое им е потребно.
Директотрот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски, рече дека во ТИРЗ -2 во моментов во изведба е патната инфраструктура од 2.5 километри, а информираше дека и на другите индустриски зони во државава, како што се во Прилеп, Штип, Струга Кичево… интезивно се работи на привршување на инраструктурните зафати. бк/лв/