Утрински Весник
Свет

Подгорица: Татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

Подгорица: Татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на неговата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.

Полицијата се сомнева дека тој ја петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година, осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син.Ја предал својата ќерка на братучедот, кому му дал полномошно за да ја пренесе во Германија.

После тоа, таа е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак, за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар