Утрински Весник
Спорт

Погребњак позитивен тест на КОВИД-19

Погребњак позитивен тест на КОВИД-19

Урал, 22 мај 2020 (МИА) – Поранешниот руски репрезентативец Павел Погребњак се тестираше позитивно за коронавирус, објави прес-службата на Урал, каде што игра.
 
– Болеста е блага. Ништо не му се заканува на неговото здравје. Павел се чувствува добро и е под постојан медицински надзор. Во моментов се спроведуваат сите потребни мерки за дијагностицирање и лекување. Другите играчи и вработените во клубот имаат негативни тестови за инфекција со коронавирус, објаснија од клубот.
 
Во своите најдобри години, Погребњак играше за Зенит, Штутгарт, Фулам и Ридинг.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство