Утрински Весник
Свет

Поглаварот на Руската православна црква со повик до Русите да го поддржат Путин

Поглаварот на Руската православна црква со повик до Русите да го поддржат Путин

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика граѓаните да ги поддржат руските власти кои спроведуваат воена интервенција во Украина, пишува Ројтерс.

Според медиумите во светот, патријархот Кирил претходно јавно ги бранел руските операции во Украина и смета дека војната е заштитен бедем против западната либерална култура, која тој ја смета за декадентна.

„Нека Господ ни помогне да се обединиме во ова тешко време за нашата татковина, вклучително и околу владата“, кажал Кирил за време на литургијата во Москва, пренесе новинската агенција „Интерфакс“.

„Властите нека бидат одговорни пред народот, скромни и подготвени да му служат дури и по цена на сопствениот живот“, додал патријархот, кој според анализите на медиумите е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Поддршката на патријархот за руската воена кампања, во која загинаа илјадници војници и украински цивили, налути некои во Руската православна црква, но и во црквите во странство поврзани со Московската патријаршија, се анализира во написите.

Кирил, како што пренесувааат светските гласила, сметал дека штом населението ќе се обедини околу моќта, „ќе има искрена солидарност и способност да се одвратат непријателите, без разлика дали се надворешни или внатрешни“.

Можете да прочитате

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица