Утрински Весник
Спорт

Погба ќе го пропушти Светското првенство во Катар?

Dik 300x250 mk

Пол Погба може да го пропушти Светското првенство во Катар годинава, информира „Газета дело Спорт“. Францускиот играч за врска летово се врати во Торино и пред само неколку недели почна да тренира со тимот, но заработи повреда на латералниот менискус. Првичните прогнози беа многу пооптимистички и се веруваше дека со конзервативен третман ќе може да закрепне за неколку недели.

dobivaj vesti na viber

Сепак, дополнителните испитувања покажаа дека повредата е посериозна и допрва ќе се направат голем број консултации со специјалисти, по што ќе биде донесена конечна одлука, но речиси сигурно е дека ќе се изврши хируршка интервенција. Се очекува тој да биде опериран во Лос Анџелес.

Тоа значи дека Погба ќе закрепнува минимум помеѓу 40 до 60 дена, по што доколку се биде в ред, ќе мора постепено да се враќа на тренинзите. Ова е дел од причината зошто челниците на Јувентус сериозно размислуваат да отворат преговори за Леандро Паредес од ПСЖ, кој беше актуелен во последните денови. Што се однесува до Погба, тој виси и за настап на мундијалот во Катар.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа