Утрински Весник
Спорт

Погба бил фан на друг тим во Англија

Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед во јануари

Манчестер, 15 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба откри дека како дете бил обожавател на друг англиски тим – Арсенал.

Причината за ова е неговиот сонародник Тиери Анри. Легендарниот напаѓач на „топџиите“ бил меѓу идолите на Погба, како и Роналдињо, Роналдо и Зинедин Зидан.

– Да бидам искрен. На почетокот бев обожавател на Арсенал. Причината беше сите француски репрезентативци кои добро ги познавате. Јас и еден од моите браќа навивавме за Арсенал, но другиот брат ми беше обожавател на Манчестер Јунајтед. Го сакав Анри и заради него тогаш се предомислив и се придружив на мојот друг брат, кој беше обожавател на Јунајтед , рече Пол Погба.

Тој стана дел од Манчестер Јунајтед за прв пат во 2009 година, кога имаше 16 години.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство