Утрински Весник
Македонија

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван на кој му беше трансплантирано срце

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван на кој му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце.

Како што објави министерот за здравство, Венко Филипче, пациентот во моментов е во добра здравствена состојба.

Иван вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден.

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

Тој во мај годинава доби срце од починат донор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на разводи, бројот на склучени бракови опаѓа

Разводите растат, венчавките паѓаат – регистрирани 470 разведени бракови во третото тримесечје

СДСМ: За хаосот со пензиите единствена вина има владата на Мицкоски која ги излажа пензионерите