Утрински Весник
Свет

Повторно отворени училиштата и универзитетите во Иран

Повторно отворени училиштата и универзитетите во Иран

Околу 15 милиони ученици и студенти во Иран денеска се вратија во училиштата и универзитетите откако повторно се отворија образовните институции во нивната земја по пауза од седум месеци предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во обраќање до јавноста рече дека здравството и образованието се подеднакво важни за општеството, но дека родителите нема да бидат принудени да ги праќаат своите деца на училиште ако се влоши ситуацијата.

Според иранските медиуми, со работа почнаа и верските училишта во кои се вратија околу 50.000 Иранци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози